26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИдејниот творец на проектот “Handball 4All” гостин на кампот на Кирил Лазаров

Идејниот творец на проектот “Handball 4All” гостин на кампот на Кирил Лазаров

Dragan Djukic

Како што информиравме на неодамна одржаната прес-конференција, оваа година во делот на надградба и едукација ќе се фокусираме на носење врвни тренерски имиња кои што имаат искуство во сегментот на млади категории.

Прво име кое што официјално го промовираме е Драган Ѓукиќ, врвен ракометен струњак, со спортско образование – EHF Master Coach, тренер на повеќе клубови од Србија, Унгарија, Португалија и Македонија, а во својата досегашна тренерска кариера бил селектор на повеќе европски земји.

Како признаен ракометен стручњак држел семинари и предавања во повеќе европски држави и тоа: Србија, Португалија, Унгарија, Швајцарија, Грција, Велика Британија, Израел и Турција.

Драган Ѓукиќ е идеен творец и реализатор на проектот “Handball 4All” , проект кој опфаќа специјална програма за едукација на млади тренери и ракометари од целиот свет и кој стартувајќи од 2010 секоја година се одржува во Србија.

На нашиот втор по ред ракометен камп, Ѓукиќ ќе одржи повеќе тренинзи и предавања кои ќе бидат од голема корист како за учесниците, така и за нашите македонски тренери кои ќе учествуваат на овогодинешното издание не Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Сите партиципиенти на кампот ќе имаат едниствена можност да слушнат предавања од човекот кој одржал огромен број семинари на повеќе континети.

Тренерска кариера – тренер на повеќе српски прволигашки клубови и тоа:

– Маталопластика (Шабац),

– Север (Суботица),

– Колубара (Лазаревац),

– ЗОРК Напредак (Крушевац),

– Црвена Ѕвезда (Белград).

А долга низа години ги водел и најдобрите клубови во Унгарија (Пик Сегед), Македонија (Вардар) и Португалија (Мадеира).

Тренерска кариера – работа со репрезентативни селекции, каде Драган Ѓукиќ бил селектор на:

– Јордан,

– Македонија,

– Швајцарија,

– Велика Британија и

– Израел.

Со селекцијата на В. Британија бил учесник на Летните олимписки игри во Лондон 2012-та.

Се гледаме во Охрид!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП