15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален врвниот рејтинг на ExxonMobil

Намален врвниот рејтинг на ExxonMobil

1905784211571f9ad605907707756471_w640

Њујоршката бонитетна агенција „Standard & Poor’s – S&P“ и го одзема на американската нафтена компанија „ExxonMobil“ врвниот АAA кредитен рејтинг.

Како причина „S&P“ наведе дека растечкиот долг и слабите перспективи за заработка повеќе не ја квалификуваат компанијата како вредна за највисоката оценката за рејтингот.

По одлуката за намалувањето на рејтингот на „ExxonMobil“ за една оценка, на „АА+“, сега останаа само уште две американски компании со највисоката оценка „ААА“, и тоа „Microsoft“ и „Johnson & Johnson“, пренесува агенцијата Франс прес.

Капиталниот долг на „ExxonMobil“, според соопштението на „S&P“, повеќе од двојно се зголемил во изминатите години, но и покрај тоа „S&P“ ја задржа „стабилна“ прогнозата за рејтингот на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП