20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет: Американските банки се во многу добра состојба

Бафет: Американските банки се во многу добра состојба

Investoren-Legende Buffett will nicht in Rente gehen

Американскиот инвеститор и милијардер Ворен Бафет, изјави дека банките во САД се посилни отколку што беа во претходните години и дека нема да и создаваат проблеми на економијата. Бафет, кој е претседател и извршен директор на компанијата „Беркшир Хатавеј“, изјави дека најголемите американски банки значајно ја поправиле својата финансиска позиција.

„Банките нема да ја доведат земјата во неволја, јас го гарантирам тоа“, изјави Бафет.

„Беркшир Хатавеј“ има големи удели во банките „Велс Фарго“, „УС Банкорп“ и „Банката на Америка“, и затоа Бефет будно ги следи состојбите во банките.

Инвеститорот наведува дека банките генерално се ослободиле од ризичните средства кои ги оптеретуваат, во што им помогнале сегашните ниски каматни стапки.

„Нашиот банкарски сектор е во најдобра форма во последните неколку години“, додаде Бафет.

Американската Управа на федерални резерви, наскоро ќе спроведе стрес-тест во 19 најголеми банки, со цел да провери, дали тие истовремено можат да се справат со сериозна рецесија во САД и со кризата на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП