26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРешението на Samsung за мобилно печатење

Решението на Samsung за мобилно печатење

built-in-printing-fuction4

„Samsung Electronics Ltd“ го претстави посебното решение за мобилно печатење кое ќе ви овозможи печатење од мобилните уреди во само неколку едноставни потези.

Ова решение за мобилно печатење се состои од апликација за паметните телефони и таблетите наречена „MobilePrint“, која има вградена команда „Print“ во оперативниот систем на мобилниот телефон. Исто така „NFC“ технологијата е интегрирана во новите модели на принтерите на „Samsung“.

„ Почнувајќи од уредот „GALAXY Tab“ во текот на 2010-та година, работевме на тоа да го поедноставиме процесот на мобилното печатење. Оттогаш развивме многу различни решенија кои им овозможуваа на нашите корисници бежично да се поврзат со нашите принтери преку паметните телефони и таблети. Ова новина дополнително ги унапреди нашите решенија за мобилното печатње, но и ја зацврсти нашата лидерска улога во мобилното печатење“, изјави Џосанг Еун, потпретседател на тимот за продажба и маркетинг во „Samsung Electronics“.

Покрај моделот „GALAXY S4“ во решенијата за мобилното печатење може да уживаат и корисниците на другите модели на паметни телефони на „Samsung“, како што се „GALAXY S II“, „GALAXY S III“, „GALAXY Note“ и „GALAXY Note II“ и целата палета на „GALAXY Tab“ уредите.

Корисниците кои не поседуваат некој од уредите на оваа компанија можат да ја превземат апликацијата и да ја користат на своите мобилни уреди, па така и тие ќе можат да ги печатат фотографиите, електронската пошта и интернет страниците, како и документи од сервисот „Google Docs“,  датотеки во PDF формат, но и документи од пакетот на „Microsoft Office“. Оваа апликација поседува и функција за праќање на факс што е единствена таква функција во целата индустрија.

Печатењето со компјутерите често бара многу процедури кои долго траат, како инсталации на драјвери и софтверски апликации. Наспроти тоа печатењето со мобилните уреди на „Samsung“ овој процес е многу едноставен и брз. За да извршат печатење корисниците треба да го притиснат копчето „Print“. Благодарејќи на тоа што имаат вградена функција за печатење уредите без проблем можат да ги пронајдат принтерите на „Samsung“ кои се во близина. Од друга страна со само неколку едноставни потези на мобилниот уред корисниците добиваат голем опсег на опции, вклучувајќи ги опциите како што се број на примероци, печатење од двете страни, подесување на боите, димензиите на документот, видот на документот и многу други работи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП