29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските берзи пад втор ден по ред, како и доларот, нафтата...

На азиските берзи пад втор ден по ред, како и доларот, нафтата закрепна

aziski-berziiiii

На азиските берзи денес цените на акциите паднаа втор ден по ред, бидејќи вложувачите се претпазливи пред почетокот на седниците на челниците на американската и на јапонската централна банка, што влијае и врз американскиот долар, а нафтата благо закрепна.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во вторникот беше во минус 1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонгконг паднаа меѓу 01, и 0,8 отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто, слабеејќи втор ден по ред.

На пазарите владее внимателност бидејќи во вторник започнува дводневната седница на челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed). Иако никој не очекува промени во монетарната политика, инвеститорите внимателно ќе го анализираат соопштението на банката во среда. Доколку челниците на Fed покажат повеќе оптимизам во однос на растот на американската економија, тоа би значело дека отвораат пат за зголемување на каматите во јуни, сметаат аналитичарите.

На средината од седмицава ќе заседаваат и гувернерите на централната јапонска банка Bank of Japan (BoJ), а можно е дополнително да ја олабават монетарната политика.

Вложувачите се претпазливи и поради понеделничкиот благ но сепак пад на цените на акциите на њујоршки Волстрит, што во прв ред последица од падот на цените на нафтата.

Во вторникот претпладне, пак, цената на „црното злато“ малку се поправи, но и натаму е во минус од почетокот на седмицата. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1 отсто, на 44,90 долари, но од почетокот на седмицата е во минус од 0,4 проценти. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 0,9 отсто, на 43,05 долари, но е во минус од 1,6 отсто во однос на понеделникот.

На валутните пазари американскиот долар ослабе и во вторникот претпладнето, втор ден по ред, откако минатата седмица значително зајакна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, во вторникот претпладнето се лизна за 0,2 отсто, на 94,68 поени.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута се спушти на 111,05 јени, за разлика од истиот период од денот во понеделникот кога изнесуваше 111,15 јени. Доларот се намали и во однос на европската валута, па цената на еврото порасна од вчерашните 1,12445 на 1,1265 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП