5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУживајте во прекрасниот Jardin Escondido (фото)

Уживајте во прекрасниот Jardin Escondido (фото)

uzi1

Многу одамна, Френсис Форд Копола, ова одморалиште во Буенос Аирес го нaрекол своја викендица, a всушност со право бидејќи две години живеел овде…

Но, Jardin Escondido (Скриената градина) поминал долг пат од тогаш и сега ги повикува гостите од целиот свет да дојдат во посета и да уживаат во аргентинскиот начин на живот, во прекрасната и тренди Palermo Soho област. Посетата на Буенос Аирес можеби долго време била на вашата листа со желби, а сега секако ви предложуваме да ја реализирате. Бујното опкружување на „Palerom Soho“ е неодоливо за секого, а оваа област на Буенос Аирес всушност претставува срцето за шопинг дистрикт на овој град, со сјајни ресторани, барови и бутици, на дофат на рака.

Сепак, кога ќе влезете во овој фантастичен бутик хотел, ќе заборавите на вашето опкружување и сите ваши грижи. Оваа резиденија на своите гости им овозможува топло добредојде на најдобриот можен начин, па можеби ќе бидете разочарани кога ќе слушнете дека овде постојат само седум апартмани. Од друга страна, можеби тоа е она што ќе ве израдува, бидејќи веќе сте свесни каква услуга можете да очекувате. Секој апартман има уникатен декор и го носи името по некој член од Копола кланот.

Со ова на ум треба да знаете дека апартманот „Francis“ односно апартманот во кој престојувал и Форд Копола, содржи кинг кревет, приватен балкон со поглед кон градината и тераса која е идеална за оние кои се занимаваат со пишување, сликање или едноставно сакаат да седат и да размислуваат во мир и тишина.

Со три нивоа, при што секој има своја градина, мал базен и кујна на отворено со простор за скара, Jardin Escondido е мини бутик хотел кoј ќe ви понуди се што ви е потребно.

uzi2

uzi3

uzi4

uzi5

uzi6

uzi7

uzi8

uzi9

uzi10

uzi11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП