6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМастеркард под лупа поради провизија

Мастеркард под лупа поради провизија

mastercard1

Европската унија покрена истрага против американскиот гигант од областа на кредитните картички – Мастеркард, поради провизијата на картичките кои се користат во странство.

Европската комисија соопшти дека отвори истрага против Мастеркард поради можно нарушување на правилата за конкуренција во меѓубанкарските аранжмани за провизиите и други практики, во услови кока европските клиенти и компании обавуваат повеќе од 40 проценти од своите годишни трансакции преку картички.

„Спречувањето на таквите дела е наш приоритет. Таквиот вид на провизија, на пример, тие наплатуваат кога некој американски турист ја користи својата Мастеркард картичка кога купува нешто во Европа“, се вели во соопштението на Комисијата.

Оваа истрага дополнително го зголемува притисокот кон Мастеркард, кој веќе е соочен со десетина тужби во Британија поради прекумерените провизии.

Од Мастеркард соопштуваат дека оваа компанија во целост ќе соработува со Комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП