4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто „умираат“ фармите во Германија?

Зошто „умираат“ фармите во Германија?

ger farma 33

Поради преголемото производство и падот на откупните цени на млекото, загрозен е опстанокот на млечните фарми во Германија.

Според една проекција во наредните десет години ќе опстанат само половина, додека оние помалите ќе мора да затворат.

Со цел да се поправи ситуацијата во секторот за млеко, федералната влада прифати шест мерки со кои се настојува да се подобри положбата на фармерите и нивната преговарачка позиција со млекарите и малопродажните синџири, како „Алди“, „Лидл“, „Едека“, „Реве“ и „Метро“, со практично укинување на антимонополските закони, кои го спречуваат монополот и подигнувањето на цената.

Земјоделците во млекарскиот сектор се доста скептични кон новите мерки и сматаат дека млекарската криза ќе потрае се додека производството е преголемо, а цената е под производните трошоци, особено затоа што извозот на германско млеко е намален поради санкциите кон Русија и падот на продажбата во Кина.

Германија годишно произведува 33 милијарди литри млеко, а германските крави даваат годишно во просек 10.000 литри. Но, локалните фармери, исто како и нивните колеги од помалите продуктивни држави, кога станува збор за млечните производи, се жалат на прениската откупна цена, која и натаму продолжува да паѓа поради намалувањето на побарувачката и хиберпродукцијата.

Моменталната откупна цена во Германија за литар млеко изнесува 22 центи, но се очекува брзо да падне на само 20 центи. Според пресметките на фармерите, дури цена од 33 центи во целост би ги покрила нивните трошоци за производство и амортизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП