1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕХотел кој морате да го погледнете од птичја перспектива (фото+видео)

Хотел кој морате да го погледнете од птичја перспектива (фото+видео)

хиби1

Најновиот мелзиски Lexis Hibiscus Hotel во Порт Диксон, ги дизајнираше своите вили во форма на националниот цвет – хибискусот…

На мала одалеченост од главната хотелска зграда, Hibiscus Hotel нуди 522 вили, кои заедно креираат огромна силуета на хибискус, со листови, цвет и толчник. Распослани на 1,60 км, овие вили се категорирани според деловите од цветот на кои се наоѓаат. Во листовите се сместени Executive Pool вилите, додека во цветовите Premium Pool вилите. Panorama вилите се сместени на стеблото, додека Imperial апартманите се сместени во толчникот. Presidential апартманите се наоѓаат на самиот врв на цветот, а обичните соби се сместени во главната хотелска зграда.

Без оглед кој соба ќе ја одберете, ќе добиете базен, сауна и прозори од подот до таванот. Иако овој имот сеуште не е завршен, се очекува дека ќе понуди девет гастрономски простории, како и Hibiscus Walk, односно булевар на плажата кој ќе ви понуди бутици, сувенирници и центри за спортови на вода.

Наречена „најголемата морска фонтана во Малезија“ океанската фонтана на овој хотел дефинитивно одговара со своето име. Порт Диксон се наоѓа на мала одалеченост од градот Куала Лумпур, а гостите имаат опција и за превоз со хеликоптер, бидејќи овој хотел има и свој хелиодром.

Цената на едно ноќевање во наевтината варијанта изнесува околу 170 долари, надвор од сезона. Се прашуваме колку чини одморот во Presidential апартманите и што се е понудено со нив…

хиби2

хиби3

хиби4

хиби5

хиби6

хиби7

хиби8

хиби9

хиби10

хиби11

хиби12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП