10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОстар пад на Goldman Sachs – профитот преполовен

Остар пад на Goldman Sachs – профитот преполовен

пад-профит

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ пријави остар пад на кварталниот профит поради слабостите во повеќето свои одделенија.

Во кварталот заклучно со 31-ви март, профитот на „Goldman Sachs“ изнесувал 1,2 милијарди долари, што е за 56,3 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, додека приходите се намалени за 40,3 проценти, на 6,3 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„Деловното опкружување во овој квартал беше обележано со мноштво предизвици, што предизвика проблеми во речиси секој сектор од нашиот бизнис“, изјави генералниот директор на банката, Лојд Блакфајн.

Колебањето на финансиските пазари во турбулентниот прв квартал го пригуши тргувањето, поради што приходите на банката од фиксните приноси, трговијата со сировини и валути паднаа за 47 проценти, на 1,7 милијарди долари.

Приходите од управувањето со инвестициите исто така регистрираа пад.

Одделни негативни ефекти „Goldman Sachs“ ги неутрализираше со помош на 40-процентното намалување на компензацијата и бенефитите за вработените, на 2,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП