17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo забележа загуба од 99 милиони долари

Yahoo забележа загуба од 99 милиони долари

The Yahoo logo is shown at the company's headquarters in Sunnyvale, California April 16, 2013. The company will release its quarterly results on Tuesday. REUTERS/Robert Galbraith  (UNITED STATES - Tags: BUSINESS)

Компанијата Yahoo, која е во постапка на својата клучна интернет област, извести за загуба во првиот квартал од годинава од 99 милиони долари, а опаднале и приходите.

За споредба, во истиот период од минатата 2015 година, Yahoo работел со добивка од 21,2 милиони долари.

Приходите на оваа интернет компанија паднале во периодот од јануари до крајот на март 2016 година за 11,6 отсто, на 1,08 милијарди долари во однос на истиот квартал претходната година. Меѓутоа, овој пад е помал отколку што очекуваа аналитичарите, па цената на акцијата на Yahoo порасната во тргувањето по затворањето на берзата на Волстрит за 1 отсто.

„Имајќи ги предвид предизвиците со кои Yahoo е соочен преку намалување на бројката вработени и пропаѓањето на плановите со Alibaba, да се успее да се испорачаат такви резултати е многу позитивна работа“, смета аналитичарот Роналд Џосо „JMP Securities“.

Во февруари Yahoo објави дека бара купци за својата основан дејност – интернет работењето, откако пропаднаа плановите да го продаде својот удел во кинескиот гигант за интернет тргување Alibaba. Рокот за испраќање на потенцијалните понуди беше до изминатиов понеделник.

„Verizon“, „YP Holdings“ (поранешна Yellowpages.com) и приватната еквилити компанија TGP покажаа интерес за купување на интернет дејноста на Yahoo. Сопственикот на британскиот дневен весник The Daily Mail, исто така, размислува за понудата во соработка со други странки.

„Нашиот план за 2016 година е цврст почеток и продолжување на фокусирањето на ефикасноста, намалување на трошоците и подобрување на долгорочниот раст. Заедно направивме значителен напредок кон потенцијалните стратешки алтернативи за Yahoo“, изјави извршната директорка на Yahoo, Мариса Мајер.

Во текот на последните неколку години Yahoo се обидуваше да го држи чекорот со промената на атмосферата во интернет огласувањето, но некои аналитичари тврдат дека не успеал да остане релевантен на своите главни пазари. Вложувачите се многу разочарани од неспособноста на Мајер да направи пресврт во работењето, на акционерот „Starboard Value“ неодамна побара и промена во Управниот одбор на Yahoo.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП