7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNews Corp ја прошири поплаката против Google

News Corp ја прошири поплаката против Google

kokoko

Медиумскиот конгломерат News Corp ја прошири поплаката на сметка на Google пред регулаторите на Европската унија за заштита на пазарниот натпревар кои настојуваат да утврдат дали софтверскиот гигант ја злоупотребил доминантната позиција на пазарот, изјавија за Reuters упатени извори.

Компанијата News Corp ја контролира медиумскиот могул Руперт Мардок, кој е и сопственик на Wall Street Journal и е издавач на HarperCollins. Поплаката пред Европската комисија на сметка на Google ја поднесе пред две години, тврдејќи дека неговата практика за агрегирање на содржините на почетната страница и искористувањето на доминантната позиција на пазарот на интернет рекламирањето го нарушува деловниот модел на давателите на содржините како што е News Corp.

Сега, според наводите на анонимниот извор на Reuters, поплаката е проширена со нови елементи кои ја вклучуваат практиките на Google за копирање односно компилирање на содржините од другите страници, како и промовирање на сопствените резултати од пребарувањето на вестите за сметката на конкурентските страници.

News Corp го презема овој потег пред еден месец по состанокот на извршниот директор Роберт Томсон со европската комесарка за заштита на пазарниот натпревар Маргарета Вестагер, на кој беше разговарано за Google, напомнува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП