9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШекспир попопуларен во странство отколку во Англија

Шекспир попопуларен во странство отколку во Англија

sheko

Во годината кога се одбележува 400 годишнината од славниот англиски бард на театарот Вилијам Шекспир, според резултатите од истражувањето на јавното мнение е попопуларен во странство отколку во татковината.

Резултатите потекнуваат од анкетата спроведена од компанијата YouGov за потребите на British Council во којашто биле испитани 18.000 луѓе од 15 земји од целиот свет, и покажуваат дека Шекспир во светот е многу попознат, повеќе се чита и повеќе се изведуваат неговите дела отколку во Велика Британија.

„И четири стотини години по смртта на бардот, неговиот труд и натаму има круцијална улога во образованието и забавата на луѓето ширум светот“, коментира Розмари Хилхорст од British Council, додавајќи дека неговото влијание воопшто придонесува за позитивен став во светот кон Обединетото Кралство.

Речиси третина од испитаниците, имено, тврдат дека токму поради Шекспир имаат позитивен став кон Велика Британија. А меѓу нив најмногу се застапени Бразилците со 57 отсто, и Индијците со 62 процента.

Анкетата покажала и дека 65 отсто од жителите кои живеат надвор од Британија Шекспир и денес го сметаат за актуелен и значаен. Истото го мислат и малку помалку негови сонародници, околу 59 отсто.

Од British Council, исто така, објавија дека популарноста на Шекспир директно влијае и врз британската економија, не само затоа што привлекува посетители во театрите на бардот, туку и позитивно влијае врз севкупната слика за Британија меѓу туристите, кои не се во мал број.

Во опусот на овој англиски поет, драматург и театарски актер, меѓу другото спаѓаат 38 театарски описи и 154 сонети кои се преведени на повеќе од 80 јазици, а се изведуваат ширум светот. Неговите дела претставуваат срж на светските театри, а силна рефлексија има и во другите уметности, од музиката преку сликарството до филмот. Се смета за најголемиот писател на англиски јазик, и за најславен и најизведуваниот светски драматург.

Прецизниот датум на смртта на Вилијам Шекспир, но утврдено е дека е погребан на 25-ти април 1616 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП