22 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксуз и задоволство - Jumby Bay Resort (фото)

Луксуз и задоволство – Jumby Bay Resort (фото)

lio1

Сместен на живописен приватен остров од 300 хектари, северно од Антигва, прекрасниот „Jumby Bay Resort“ е опкружен со зеленило и кристално чистите води на Карибите…

Ова луксузно одморалиште има 40 привлечни апартмани и 12 вили, кои се распространети на целиот приватен остров. Осмоаголните колиби имаат балкони со прекрасен и простран поглед, додека апартманите завртени кон дворовите можат да се пофалат со заоблени плафони и прекрасни џакузи бањи на отворено.

Доколку ви стане досадно изнајмете го Caloi велосипедот и истражете ја ретката флора на овој остров. Исто така, можете да пливате и уживате на една од трите плажи со бел песок. Гостите исто така ќе уживаат и во 25 метри долгиот базен со свежа вода совршен за утринско пливање, како и бројни други забавни активности, како што се нуркањето, едрењето, крстарењето и сл.

Овој резорт функционира по принципот аll-inclusive. Ќе имате прилика да уживате во Estate House, односно старата куќа на плантажа каде се сервираат појадокот и ручекот, а Beach Bar е место каде можете да уживате во разните видови на коктели.

lio3

lio4

lio5

lio6

lio7

lio8

lio9

lio1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП