2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа Porsche нема криза

За Porsche нема криза

A

Продажбата на „Porsche“ во март на глобално ниво се зголеми за 19,8 проценти, на рекордни 14,494 возила, благодарение на големата побарувачка во Германија, САД и Кина.

На германскиот пазар „Porsche“ продаде речиси една третина од возилата – 2,159, додека во САД забележа зголемување на продажбата од 41,7 проценти, на 3,487 примероци.

Во Кина, германската компанија продаде 3,032 автомобили или за 17,9 проценти повеќе отколку во март 2012 година.

Во првото тромесечје од оваа година, „Porsche“ продаде вкупно 37,009 возила, што е за 21,1 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

„Нашиот одговор на неизвесноста на пазарот се производите кои предизвикуваат голем ентузијазам кај клиентите“, објасни шефот за продажба во „Porsche“, Бернард Маер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП