24 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКада од милион долари (фото)

Када од милион долари (фото)

kadas1

Baldi, италијанската компанија позната по користењето на скапоцени материјали во креирањето на мебел и декор, го претстави своето ремек дело…

Тие се познати по креирањето на луксузен мебел за бањи, вазни, чинии и осветлување, но нивото ремек дело – кадата „Rock Crystal“ е нешто сосема поинакво. Станува збор за када во која има доволно простор за три лица, а е направена од едно парче кристал, кој е пронајден во амазонската прашума. Пречникот на овој кристал е 2,5 метри, а работењето на него траело шест месци.

kadas2

Сопственичката на оваа када е ќерка на Берни Еклстоун, Тамара Еклстоун. На оваа млада дама цената од милион долари не и претставува ников проблем.

Ова инаку не е првата кристална када која е креирана. Во 2008 година, слична када беше продадена во текот на саемот Salone del Mobile, а купецот беше човек од Русија, кој без проблем платил 858.763 долари за тоа ремек дело. Друго парче кое не било реплика туку уникат, е креирано за стоковната куќа Harrods и неговата цела била 790,310 долари.

kadas1

„Оваа када чини милион долари бидејќи бара обемна работа во бањата пред нејзиното поставување. Исто така, инсталацијата на кадата трае доста долго и на тоа мора да работи специјален тим“, изјави сопственичката. „Сепак, јас поминувам доста време во оваа када, па така таа вреди за секоја потрошена пара“, додаде Тамара.

kadas4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар