22 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗа љубителите на луксузен одмор - Gran Melia Palacio de Isora (фото)

За љубителите на луксузен одмор – Gran Melia Palacio de Isora (фото)

лох1

„Gran Melia Palacio de Isora“ е неверојатен хотел на јужниот дел од Канарските острови…

Со брегот на Атлантскиот океан во непосредна близина и со импресивната планина Теиде во позадина, овој луксузен хотел има совршено природно опкружување.

Додајте ги на тоа најдобрите луксузни услуги и ќе разберете дека овој хотел ви нуди се што е потребно за да го имате одморот од соништата.

Хотелот има 579 соби кои се богато декорирани и опремени, а секоја од нив има поглед на градината или на океанот. Тука се и четирите гурмански ресторани во кои можете да уживате, како и неколкуте базени чија вкупна површина изнесува 7.500 метри квадратни.

За оние кои во својот одмор сакаат да уживаат на најдобар можен начин, тука е ексклузивното „Црвено ниво“, кое ви нуди апсолутна приватност.

Во склоп на „Црвеното ниво“ можете да уживате во приватна трпезарија, базени и други луксузни погодности. Се на се, овој луксузен хотел е совршено место за одмор!

лох2

лох3

лох4

лох5

лох6

лох7

лох8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП