19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната вила NEKK (фото)

Луксузната вила NEKK (фото)

пар1

Les Parcs de Saint Tropez, од педесетите години на минaтиот век, се сјаен пример за перфекција во полето на недвижнините…

Овој дел од реномираниот Сен Тропе, кој мери 400 хектари, има целодневно обезбедување и им дозволува на своите станари да уживаат во ултимативниот луксуз, а притоа содржи некои од најубавите вили.

„NEKK“ вилата е совршен пример за значењето на ултимативниот луксуз, а ќе ве чини 17,850,000 долари. Се наоѓа на парцела од 4.800 квадратни метри на јужниот дел од овој имот, а има совршена тераса и прекрасни локации за уживање во гастрономијата.

Со повеќе од 400 квадратни метри животен простор, оваа луксузна вила изгледа идеално од секој агол. Има шест спални соби и шест бањи и прекрасно уредени премини и ходници. Ложата и трпезаријата се веројатно двата најважни елементи на овој имот, а не потсетуваат на медитеранска палата, со своите бои кои одат од минерлано бела, до сино-сива.

„NEKK“ вилата ќе ги импресионира сите посетители со холистичкиот современ дизајн и префинетите погодности кои ги нуди. За пример го земаме базенот со должина од петнаесет метри, или пространата гаража со доволно место за седум возила. Околниот пејсаж е подеднакво убав, со мешавина од маслинки, разни видови на трева и шарени билки.

Еден совршен ден во оваа вила започнува со уживање покрај базенот, а завршува на бајковитата тераса, со чаша добро вино. NKK вилата е совршена дефиниција за францускиот шарм, а и цената добро го покажува тоа.

пар2

пар3

пар4

пар5

пар6

пар7

пар8

пар9

пар10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП