26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоби по Јута заминува во легендите (видео)

Коби по Јута заминува во легендите (видео)

160412071339-02-kobe-bryant-0411-exlarge-169

Коби Брајант, во четврток рано наутро по македонско време, ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на ЛА Лејкерс.

Според многумина најдобриот играч во историјата на славниот тим, чиj дрес го носеле легенди како Џери Вест, Карим-Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Џејмс Ворти, Шекил О’Нил, на натпреварот со Јута Џез ќе стави крај на 20-годишната кариера.

„Воопшто не сум тажен. Благодарен сум. Сé ѝ дадов на оваа игра, во текот на 20-те години во НБА и многу пред тоа. Благодарен сум што толку долго бев дел од оваа лига“, вели легендата на Лејкерси.

Повеќе од 30.000 поени, 6.000 асистенции, пет шампионски титули, мечот со Торонто на кој постигна 81 поен, триумфот над Бостон во големото финале во 2010 година, сето тоа по мечот со Јута ќе стане дел од историјата.

„Најтешко од сé беше да се победат Бостон Селтикс во 2010 година. Тоа е мојот највреден момент во кариерата. Тие имаа фантастичен тим (Рондо, Пирс, Ален, Гарнет). Губевме со 3-2, влеговме во соблекувалната во Бостон и сите започнавме да се смееме. Одом, Фишер, сите пронајдовме забава во таа негатива. тој момент никогаш нема да го заборавам“, го наведува Коби омилениот момент во кариерата.

maxresdefault

Важен дел од неговата импресивна кариера беше и Шекил О’Нил. Заедно освоија три титули, иако тој беше во сенка на Шекил, дури и по заминувањето на центарот од ЛА во Мајами.

„Бев лут, чувствував бес, бидејќи сакав да освојам титула без Шекил. Морав тоа да го направам. Тоа беше голем предизвик. Тоа ми беше опсесија“, вели Коби.

Почеток на крајот на неговата кариера преставуваше повредата на Ахиловата тетива (2013 година). Но и со таа повреда тој погодуваше слободни фрлања на мечот со Голден Стејт.

„Барав начин како да играм со таа повреда. Морав тимот да го однесам до плејофот. Тој меч едноставно моравме да го добиеме. Помислив, јас морам да бидам мамката. Во тие моменти јас барав начин на кој ќе можам да одам. Кога ќе ја скинеш тетивата не можеш да се движиш на прсти“, го опишува Коби тој момент.

Сепак и така повреден, Коби успеа да ги погоди слободните фрлања.

„За мене тоа беше нормална работа. Едноставно сакам да играм. Секогаш се обидував да најдам нови предизвици. Основна логика за мене беше да бидам на теренот, дури и ако сум повреден. Доколку можам да се изборам со болката јас ќе играм“.

160412071550-03-kobe-bryant-0411-exlarge-169

Како Коби Брајант ја замислува иднината по пензионирањето?

„Сакам да раскажувам. Тоа ми е страст. Изминатите денови ми стана јасно дека тоа можам да го правам на многу различни начини. Тоа ќе го правам преку медиумите. Гледав како низ годините се развиваа медиумите. Порано сите купуваа весници, потоа дојдоа социјалните мрежи. Гледав писатели како доаѓаат и заминуваат, како се развиваат, менуваат, додека тие гледаа како едно 17-годишно тврдоглаво момче станува глас на разумот во НБА лигата. Некои работи денес немаат многу смисол, некој тогаш да ми кажеше дека ваков ќе бидам денес, ќе помислев дека тој е луд“, вели Брајант.

Коби Брајант во Лејкерси пристигна како средношколец, на драфтот во 1996 година, како 13-ти пик е избран од Шарлот Хорнетс, но веднаш е трејдуван во Лејкерси во замена за Владе Дивац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП