28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

ЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

ecb_2

Економијата на еврозоната би требало постепено да започне да се опоравува во текот на 2013 година, прогнозираше Европската централна банка (ЕЦБ), укажувајќи дека веќе се присутни знаците за стабилизирање на економијата.

„Се очекува економската слабост во еврозоната да продолжи и во 2013 година, но во текот на годината треба да дојде до постепено закрепнување на економската активност. Неколку индикатори во голема мера се стабилни, иако се на ниско ниво, а довербата на финансиските пазари е значително подобрена“, изјави шефот на ЕЦБ, Марио Драги.

На првиот состанок на банката во оваа година, ЕЦБ очекувано ја задржа својата основна каматна стапка од 0,75 проценти. Основната каматна стапка не е променета шест месеци по ред, а непроменета остана и каматната стапка на депозитите на банките во централната банка од нула проценти.

Во изјавите на шефот на ЕЦБ, сеуште се гледа одредена претпазливост. „Ризиците поврзани со економската перспектива и понатака укажуваат на влошување. Тие главно се поврзани со бавното спроведување на структурните реформи во еврозоната, геополитичките прашања и нерамнотежата во најзначајните индустријализирани земји“, предупреди Марио Драги.

ЕЦБ сака своите ниски каматни стапки да ги прелее во сите делови од еврозоната, во кои пазарните каматни стапки варираат во голема мера, а исто така, сака да ги намали и приносите на државни обврзници на земјите-членки преку својата нова програма за купување на обврзници.

Прогнозата на Марио Драги е дека дека годишната стапка на инфлацијата во 17-члената еврозона, во 2013 година ќе се намали под два проценти. Целното ниво на ЕЦБ е под нивото на два проценти, но близу два проценти. Во декември 2012 година, годишната стапка на инфлација изнесуваше 2,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП