3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот часовник Hermes

Луксузниот часовник Hermes

c1

Комбинацијата од ексклузивно производство на злато и рачно гравирање, луксузниот часовник „Hermes“ го прави вистинско ремек дело.

Куќиштето од бело злато на овој луксузен часовник има дијаметар од 48 мм и на него стои потписот на „Hermes“.

„Hermes Arceau Pocket Voultes“ има прекрасен украс на својот капак за чија изработка се потребни околу 150 часа.

c6

Тој е креиран со одвоени дискови од бело и розе злато, кои првично се одвоено направени, а потоа се споени со заварување.

c4

За финиширањето и заштитувањето на ваквата убавина, часовникот е прелиен со лак, изработен од бело злато, кој му дава дополнителен сјај. Златните делови во овој часовник се достапни во три нијански, темно сива, розева, и светло сива боја.

c5

Овој часовник кој рачно се навива е симбол за моќност и луксуз. Љубителите на уникатни парчиња со задоволство посакуваат тој да биде дел од нивната колекција.

c3

И внатрешноста од часовникот е изработена исклучиво од злато, подлогата на која лежат стрелките е изработена од 24 каратно злато кое е прекриено со кафен емајл. Часовникот е спакуван во специјална обвивка на која има ремен. За изработка на мини торбичката за часовникот е користена најквалитетната кожа од Хавана алигатор.

c2

За ваквото задоволство потребни ќе ви бидат 74.000 амрикански долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП