9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРанч од 92 милиони долари (фото)

Ранч од 92 милиони долари (фото)

ranco1

Изграден во 1969 година, магичниот имот Del Dios Ranch се наоѓа во Санта Фе…

За него се врзува цената од 92 милиони долари, што го прави најскап имот во овој дел од светот и тоа со многу добра причина. Овој имот има познат калифорниски шарм, а го дизајнирал Фред Бригс, со прекрасната мешавина од дрва, бетон и стакло, што традиционалниот ранч го насочува кон иднината. Del Dios Ranch е имот кој има околу 210 хектари, од кои 40 се прекриени со портокали. Исто така, одовде ви се овозможува и панорамски поглед кон околното езеро, што е позитивно во секој случај.

Неверојатниот дом кој се наоѓа на овој имот има околу 1.000 квадратни метри простор, високи плафони, мермерен под со грејачи и акценти од секвоја. Кујната со отворен концепт има светларници, голем кујнски остров и врвни апарати, додека дневната соба во својот центар има камин направен од уникатен камен.

Едно крило од овој ранч му е посветено на величествениот затворен базен, кој доаѓа во комплет со спа центар и бар. На првото ниво се наоѓаат три големи спални соби, а секоја од нив има приватна бања, додека мастер апартманот се наоѓа на вториот кат. Претходните сопственици на овој имот биле љубители на коњи, па затоа овој имот ги содржи сите погодности поврзани за спорт со коњи.

Овој имот поседува и тениски терен, стази за џогирање и возење велосипед, куќа за гости и бујни градини.

ranco2

ranco3

ranco4

ranco5

ranco6

ranco7

ranco8

ranco9

ranco10

ranco11

ranco12

ranco13

ranco14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП