28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаросо: ЕУ не е виновна за штедењето

Баросо: ЕУ не е виновна за штедењето

barroso2

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, негираше дека Европската унија е одговорна за тешките мерки за штедење кои се присутни во Стариот свет.

„Знaм дека многу делови од нашето општество мислат дека Европската унија е виновна за тешкотиите, а тоа не е праведно, бидејќи ЕУ не ги создаде проблемите“, изјави Баросо.

„Сакам да појаснам, бидејќи постои мит дека ЕУ ги наметнува тешките мерки. Но, тоа не е точно“, изјави Баросо на заедничката прес-конференција за новинарите со ирскиот премиер Енди Кени, чија земја го презема шестмесечното претседавање со ЕУ.

„Причината за тешкотиите со кои некои земји се соочуваат, е огромниот јавен долг, кој е направен од националните власти и неодговорното финансиско однесување, поради кое се акумулирале и огромни приватни долгови, вклучувајќи ги и финансиските „меури“ кои се случиле и покрај одговорноста на националните надзорни органи”, додаде тој.

„Тоа е единствената причина поради која сега државите мора да прават болни приспособувања“, оцени претседателот на комисијата.

Баросо ги пофали напорите на Ирска, која се надева дека оваа година ќе стане прва земја во еврозоната која ќе ги отплати направените трошоци од позајмувањето, по долгогодишното болно штедење.

На Даблин, во ноември 2010 година, му беше одобрен пакетот помош вреден 85 милијарди евра, откако остриот пораст на трошоците од задолжувањето ја турна економијата на поранешниот „Келтски тигар“ од пазарот на обврзници.

„Верувам дека Ирска може да испрати порака со надеж до другите земји, за тоа што се може да се постигне“, изјави Кени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП