9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПролетно согорување на калориите: 8 намирници кои ќе го забрзаат вашиот метаболизмот

Пролетно согорување на калориите: 8 намирници кои ќе го забрзаат вашиот метаболизмот

Image: 0048156898, License: Royalty free, Restrictions: Not available for use in Corbis Merchandise., Property Release: Yes, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Corbis

Дојде и тој период од годината кога секоја жена започнува да се грижи како ќе се вовлече во летните парчиња и ќе се избори со килограмите. Со помош на овие намирници, ќе го забрзате метаболизмот и ќе согорите многу повеќе калории од вообичаено. Време е за слабеење!

Прва намирница: Зелен чај

prva1

Овој чај е богат со антиоксиданси и има многу погодности по нашето здравје, вклучувајќи го и забрзувањето на нашиот метаболизам. Тој содржи материи кои се нарекуваат катекини и докажано ги редуцира маснотиите во телото, а кофеинот во зелениот чај е дополнителен стимуланс кој го зголемува нивото на енергијата која телото ја троши.

Втора намирница: Јајца

prva2

Без разлика дали јадете омлет, поширани или тврдо варени јајца, тие се дефинитивно ултимативен утрински оброк. Јајцата се сметаат за намирница која не снабдува со исклучително квалитетни протеини, а консумирањето на јајца го зголемува согорувањето на калориите. Една студија покажа дека појадокот на база на јајца го зголемува губитокот на вишок на килограми за 65 проценти кај гојазните луѓе коишто следат редуциран план на исхрана. Појадокот кој е богат со протеини, како што се јајцата, го зголемува чувството на ситост и го забрзува метаболизмот за 10 проценти.

Трета намирница: Лути пиперчиња

Лутината на пиперчињата им дава нешто многу повеќе од само одличен вкус. Тие исто така му даваат на вашиот метаболизам максимална брзина. Истражувањата покажаа дека капсаицинот, природна супстанца којашто се наоѓа во лутите пиперчиња, им дава лут вкус, помага при топењето на вишокот на килограми поради потенцијалот да произведува топлина, согорува калории и топи масти. Лутите пиперчиња исто така го зголемуваат чувството на ситост и затоа јадете помалку.

Четврта и петта намирница: Кокосово и палмино масло

prva3

Консумирањето на цедено кокосово и палмино масло докажано го забрзува трошењето на енергијата и метаболичките процеси, велат клиничките нутриционисти. Една студија докажа дека жените коишто консумираат по две лажици дневно кокосово масло, имаат помалку масни наслаги околу половината и повисоко ниво на добар холестерол. Клучот е во лимитирањето на порцијата, бидејќи и двата вида на масла се исклучително калорични и содржат од 40 до 117 калории по лажица.

Шеста намирница: Немасни млечни производи

Бројни истражувања докажаа дека исхраната богата со калциум од млечни производи го забрзува топењето на вишокот на килограми. Зошто? Недоволното количество на калциум предизвикува отпуштање на калцитрол, хормон којшто го принудува телото да складира повеќе масти. Млечните производи со низок процент на масленост го поттикнуваат ослободувањето од вишокот на килограми, а во исто време му дозволуваат на телото да го апсорбира калциумот којшто му е потребен.

Седма намирница: Киноа

prva4

За да ги согорете мастите, мора во исхраната да вметнете намирници богати со влакна, за коишто е потребно повеќе време за да се сварат и така помагаат за забрзување на метаболизмот. Влакната исто така го зголемуваат чувството на ситост. Киноата важи за супержитарка која обезбедува 12 грама влакна по порција, речиси два пати повеќе од останатите житарки.

Осма намирница: Банани

Ова овошје има многу лоша репутација кога се работи за губењето на килограмите, но сето тоа е без оправдани причини. Како прво, една голема банана обезбедува речиси 500 милиграми калиум кој му помага на телото да ги регулира минералите и течностите и може да го забрза метаболизмот. Бананите исто така го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, а некои истражувања покажаа дека само ако помирисате банана, тоа може да го поттисне вашиот апетит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП