6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКалифорниска вила од 42,8 милиони евра (фото)

Калифорниска вила од 42,8 милиони евра (фото)

luki1

Сместена во калифорнискиот град Атертон, оваа неверојатна вила ќе ги оствари сите ваши соништа…

Со интересен италијански стил, оваа вила успеа да привлече внимание од бројни љубители на луксузот. Нејзината цена изнесува 42,8 милиони долари, доколку тоа ви звучи многу, прочитајте во продолжение што се содржи…

Овој прекрасен имот има околу 2,300 квадратни метри простор, а се наоѓа на имот од 1,54 хектари, со грандиозен базен, фонтани, голем бар и кујнски простор на отворено и префинето уредени градини.

Сите модерни подгодности и системи со најнова технологија се содржани во нејзиниот ентериер. Во вилата постои и фитнес центар, шест спални соби со приватни бањи, и врвен мастер апартман со спа бања.

Италијанскиот мермер, циглениот таван, францускиот акцент и луксузното осветлување, секако придонесуваат за одличниот изглед. Во градините на оваа вила можете да најдете 150 години стари маслинки, зрели дабови, јапонски јавори, мандарини, лимон и повеќе од 250 ружи. Уживајте во фотографиите…

luki2

luki3

luki4

luki5

luki6

luki7

luki8

luki9

luki10

luki11

luki12

luki13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП