5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi го „тјунираше“ моделот Redmi 3

Xiaomi го „тјунираше“ моделот Redmi 3

Xiaomi-Redmi-Note-3333

„Xiaomi“ претстави малку помоќна верзија на смартфонот „Redmi 3“. Новиот модел доаѓа со неколку подобрувања во однос на класичниот модел, па поради тоа ја доби ознаката „Pro“.

Во повеќето спецификации „Xiaomi“ не интервенираше, туку кај моделот „Pro“ само понекои, количината на работната меморија и проширување на просторот за чување на податоци, а беше додаде сензорот на отпечаток на прстите. Моделот „Pro“ исто такак доаѓа и со еден гигабајт „RAM“ повеќе – 3 GB, како и двојно повеќе интерна меморија – 32 GB.

Oстанатите спецификации се идентични – 5-инчен екран со „HD“ резолуција, „Snapdragon 616“, камери од 13 и 5 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 4.000 mAh, додека оперативниот систем е малку постар – „Android 5.1.1“ (Lollipop) со кориснички интерфејс „MIUI 7“.

Како и оргиналниот „Redmi 3“ и новиот „Pro“ модел ќе биде достапен во сива, сребрена и златна боја на куќиштетот по цена од околу 140 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП