Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска во Дебар и градоначалникот на Општината Ружди Лата потпишаа Договор за кофинансирање на нов проект во сферата на животната средина.
Станува збор за проект за изградба на канализација за атмосферски води во висина од 2,5 милиони денари. Овој проект е втор проект бидејќи пред неколку месеци Владата преку оваа министерство го финансираше проектот за атмосферски води во центарот на Дебар.
Министерот Изаири нагласи дека во поширокиот регион на Дебар ќе се реализираат од страна на Владата уште неколку проекти во сферата на фекалната канализација, а многу скоро ќе се реализира и проектот од регионален карактер за собирање на сметот од целиот регион.
„Министерството за животна средина и локалната власт имаат одлична соработка“, изјави градоначалникот на Дебар, Ружди Лата.