20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCosco Pacific објави раст на профитот од 30% за 2015-та година

Cosco Pacific објави раст на профитот од 30% за 2015-та година

COSCO ΚΟΝΤΕΙΝΕΡΣ ΛΙΜΑΝΙ ΠΕΙΡΑΙΑ

„Cosco Pacific“, операторот на терминал за контејнери кој е дел од најголемата кинеска транспортна компанија, забележа раст на профитот од 30% за минатата година по приходите од продажба, објави „Bloomberg“.

Нето добивката е зголемена до 382 милиони долари од 293 милиони долари во однос на претходната година, соопшти компанијата во изјава за берзата во Хонгконг. Тоа е над просечната оценка за 300 милиони долари на 12-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg“. Продажбата се намалила за 8,3% до 798,2 милиони долари, што пак е под оценката за 825 милиони долари.

Нето добивката на „Cosco Pacific“ била поддржана од приходи во вредност од 79,2 милиони долари од продажбата на удел од 21,8% во „China International Marine Containers“ во 2013-та година. Кина ги реструктуираше двете најголеми морепловни групации – „China Ocean Shipping Group“ и „China Shipping Group“, како дел од напорите на владата да ги реформира неефикасните државни компании и да ја поттикне економијата, која расте со најбавната стапка по повеќе децении.

Минатата година во терминалите на „Cosco Pacific“ поминале 19,3 милиони контејнери, со 1,1% повеќе во однос на 2014-та година, покажуваат податоците. Компанијата, која оперира со поголемиот дел од бизнисот со терминали за контејнери во Кина, потпиша договор со „PSA International“ за инвестиција во Сингапур.

Акциите на компанијата поевтинија за 1,3% до 8,88 хонгконгшки долари за време на трговијата во Хонгконг во текот на денешниот ден. За цената на акциите е предвиден раст од 4% во оваа година.

Од „Cosco Pacific“ велат дека приходите од бизнисот со терминали се намалиле за 5,8% до 487 милиони долари главно поради девалвација на еврото и јуанот во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП