17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВака би изгледал „евтиниот“ iPhone

Вака би изгледал „евтиниот“ iPhone

jeftini-ajfon

Гласините за новиот „евтин iPhone“ веќе подолго време кружат на интернет, а овие денови се појавија и првите слики кои прикажуваат како тој уред би можел да изгледа.

Се верува дека од „Apple“ размислуваат како би можеле да се пробијат на пазарот на евтини паметни телефони каде доминираат нивните најголеми ривали „Samsung“ и „HTC“.

Новиот концепт кој го направи дизајнерот Николај Лам сугерира на враќање на дизајнот на кој доминира проѕирната платстика, а која потсетува на познатиот „iMac“ од 1998-та година.

ajmek-1998

Една од причините за изборот на овој дизајн е поради тоа што би помогнало технологијата да се доближи до корисниците, но некои сметаат дека на овој начин „Apple“ би можел да привлече нови корисници.

„ Пред „iMac“ компјутерите беа коцкасти и сиви, а можноста да погледнете внатре ги направи уредите помалку мистериозни и многу убави“, изјавил Николај Лам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП