29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCrystal Bаteau луксузните кади

Crystal Bаteau луксузните кади

ba1

Кристали, сјај, блескање… се елементите кои доминираат во модните трендови оваа сезона.

„Catchpole & Rye“ својот сјај го претставија преку луксузните „Swarovski Cristal“ дизајнирани кади. Тие се наречени „Crystal Bateau“ и се дизајнирани за лицата кои го посакуваат луксузот.

ba3

Во нивната креација се застапени класичните и традиционални техники. Комплексноста доаѓа со рачното поставување на кристалите, кое трае неколку саати и придонесува да се добие совршен модел. Потполно белите кристали од четири различни видови се внимателно поставени со цел да се создаде спектакуларен блескав ефект.

ba4

Меѓутоа ако белата боја не е вашата боја, кадата може да биде изработена и во поинакви нијанси од Сваровски кристалите, вклучувајќи ги и златните, плави и зелени кристали.

ba2

Во оваа понуда имате можност да одберете и во каква форма сакате да ја добиете вашата када, дали сакате нејзините врвови да се превиткани, испакнати и сл. Оваа луксузна када од емајл и метал поседува ногарки во облик на стапало, со што дизајнерите го потенцираат веќе постоечкиот гламур и софистициран изглед.

ba6

И како што веќе знаеме дека со луксузот одат и парите, за стандардната бела када со бели кристали потребно е да извоите 158.000 американски долари, а за сите останати комплексности кои сакате да ги додадете ќе треба да доплатите уште неколку долари.

ba5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП