19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Овие земји се најверојатните огништа на следната должничка криза

График на денот: Овие земји се најверојатните огништа на следната должничка криза

Arrangement of various world currencies including Chinese Yuan, Japanese Yen, US Dollar, Euro, British Pound, Swiss Franc and pictured in Warsaw

Со децении едни од најважните податоци за состојбата на дадена економија – задолженоста на приватниот сектор, се речиси невозможни за откривање. Ова сепак се промени неодамна со објавување на регуларните квартални податоци за овој клучен макроиндикатор за 40 водечки земји во светот од „Bank of International Settlements“.

На база на оваа информација од изданието „Forbes“ прават рангирање на земјите со најголема шанса за должничка криза.

Кризите се појавуваат кога процентот на долгот во приватниот сектор кон БДП стане многу висок или кога процентот на долгот кон БДП расте со забрзано темпо во подолг временски период. Кога кредитите во приватниот сектор престанат да растат, а тоа се случува порано или подоцна, тогаш нивната промена преминува во негативна вредност и тоа почнува да тежи над експанзијата во приватниот сектор. Токму тоа е факторот, откриен во основата на светската финансиска криза од 2008-ма година.

Американската должничка криза започна кога висината на кредитирање на приватниот сектор започна да се намалува како што се гледа од табелата подолу:

dolz kriza 02

На база на критериумите за висок сооднос приватен долг кон БДП (над 1,5 пати) и силен раст на овој сооднос во последните неколку години (над 20% во период од пет години) издвоени се седум земји, кои можат да се потенцијалната појава за следната голема должничка криза (наведени на табелата подолу).

dolz kriza 01

Кина и Хонгконг се лидери во рангирањето во својот забрзан раст на кредитите во приватниот сектор во последните неколку години. Постои јасна тенденција за намалување на растот на овој показател во Хонгконг од средината на 2014-та година, што може да е првиот симптом за влегување во рецесија од земјата.

dolz kriza 0333

Дали и кога сепак може да се развие должничка криза во наведените земји е невозможно да се прогнозира. Тоа во голема мера зависи од склоноста на приватниот сектор да продолжи да се кредитира од банките, како и од онаа на банкарскиот сектор да продолжи да кредитира.

Должничките кризи исто така може да бидат одложени или забрзани од владините политики и политиката на централните банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП