24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабата европска побарувачка го урна германскиот БДП

Слабата европска побарувачка го урна германскиот БДП

angela1

Германската економија во четвртиот квартал во 2012 година забележа пад на активностите, бидејќи индустријата го намали производството за да одговара на слабата побарувачка од Европа, објави германското министерство за финансии.

Најголемата европска економија беше потисната од неизвесноста во европското опкружување, предизвикана од повеќегодишната должничка криза во еврозоната, а негативни ефекти предизвика и фискалната криза во САД, беше објавено во извештајот од состојбата на германската економија во јануари 2013 година.

-Сите показатели упатуваат на тоа дека, во четвртиот квартал од 2012 година, значително се намалени сите активности во геманската економија, велат од министерството.

Месечниот преглед на министерството за економија, се уште има трошка надеж дека оваа година состојбата на германската економија би можела да се подобри.

-Фундаменталните сили на германската економија и позитивните знаци од светската економија, укажуваат дека економијата значително ќе закрепне во текот на оваа година, истакнаа од министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП