12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМинстрој Холдинг ќе ги задржи сите вработени од рудниците Злетово и Тораница

Минстрој Холдинг ќе ги задржи сите вработени од рудниците Злетово и Тораница

бекче

Минстрој Холдинг e подготвен да ги преземе долговите и комплетниот број вработени, чии плати, исто така, би требало да бидат зголемени во рудниците Злетово и Тораница, а потврди дека е комплетно запознат со состојбата на рудниците, како и со постапката на стечај на претходниот сопственик.

Министерот за економија Беким Незири, на прес-конференција во среда ја претстави најповолната понуда за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на олово и цинк на локалитетот “Злетово“, општина Пробиштип и општина Кратово и на локалитетот „Тораница, Сокол, Бачило и Средно Брдо“ општина Крива Паланка, која беше поднесена од страна на компанијата „Минстрој Холдинг“ АД, Софија, Бугарија.

„Со посебно задоволство можам да констатирам дека со Одлуката што ја донесовме како Влада, а врз основа на Извештајот и евалуацијата од страна на десетчлената владина комисија задолжена за спроведување на постапката за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини – руди на олово и цинк во Злетово и Тораница, за експресно кус рок успеавме да го решиме проблемот кој зад себе го остави фирмата која претходно стопанисуваше со овие два рудника. Тоа ќе значи враќање на сите илјада вработени, дури и можност за зголемување на нивниот број, како и зголемување на нивните плати, според плановите на идниот концесионер“, рече Незири.

Според него, влезот на Минстрој Холдинг, како лидер во рударството во овој дел од Европа ќе овозможи отворање на нова страница во секторот за минерални суровини во Македонија, особено ако се земат предвид инвестиционите активности на оваа компанија ширум светот и сериозноста и професионалноста на фирмата, чии главни активности се рударството и енергетиката. Понудената вредност од страна Минстрој на електронската аукција, на која учествуваа три компании од вкупно 32 кои подигнале документација од системот за електронска аукција, а пет поднеле понуди, изнесувала тројно повеќе од почетната сума, односно два милиони евра, а проценетата почетна инвестиција на Минстрој ќе изнесува околу 10 милиони евра.

Раководството на Минстрој Холдинг потврди дека е комплетно запознато со состојбата на рудниците, како и со постапката на стечај на претходниот сопственик и долговите кои тој ги има, изразувајќи подготвеност да ги превземе и долговите и комплетниот број на вработени, чии плати, исто така, би требало да бидат зголемени. По комплетното завршување на постапката, односно кога одлуката за избор на најповолна понуда ќе стане конечна и ќе се потпише договорот за концесија, Минстрој Холдинг е подготвен веднаш да ги рестартира двата рудника и да инвестира во современа технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП