5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку се здрави ротквиците?

Колку се здрави ротквиците?

ZS_rotkvica

На нашата трпеза ротквиците обично служат како прилог, односно најчесто ги јадеме како додаток во салатите. Но овие мали пролетни топчиња со лут и горчлив вкус и црвена боја се голем сојузник на здравјето, и треба да се јадат додека се достапни на пазарите.

Заштитник на телото

Ротквицата (лат. Raphanus sativus), во буквален превод значи култивирана зелка, а потекнува од Азија каде се одгледува и консумира уште пред 3.000 години. Црвената боја на ротквицата доаѓа од пигментот антоцијанин. Тој е моќен антиоксиданс кој ги чува клетките на телото од распаѓање и се грижи за здравјето на целото тело.

Поттикнувач на варењето

Лутиот и горчлив вкус на ротквицата го стимулира лачењето на желудечните сокови, поради што обично се служи како салата или пијалок, односно како аперитив кој отвара апетит. Покрај тоа го стимулира варењето и ја поттикнува работата на цревата, а особено им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со тврдата столица.

Fresh radishes in a row

Сојузник на фит формата

Во сто грама ротквици се наоѓаат само 16 калории бидејќи поголемиот дел од составот е вода. Не е ни чудо што во оваа намирница може да уживате бесконечно дури и ако држите диета. Овој вид зеленчук е одличен извор на витамин Ц, диетални влакна, калиум и фосфорна киселина, кои даваат енергија и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Антибактериско „оружје“

Сокот од свежа ротквица порано се користел за лекување на жолчката, а се покажал и како особено корисен во излачувањето на слузта од дишните органи за време на сезонските болести, бронхитис и грип. Некои експерти тврдат дека, покрај нејзините антибактериски својства, таа е и моќно оружје против кашлица и главоболка.

e0eef78dd9d32d44cc003860cb65517b_XL

Чувар на црниот дроб

Ротквицата содржи супстанци кои го неутрализираат билирубинот во црниот дроб поради што е одлично средство во борбата против жолтицата. Покрај тоа, таа е одлична намирница за поттикнување на пролетната детоксикација – без разлика дали ја јадете свежа, дали од неа правите сок или ја додавате во напитоци за чистење на организмот од наталожените токсини во телото.

Внимание:

Поради лутината и горчливоста на ротквицата не се препорачува консумирање на големи количини за луѓето кои имаат чувствителна слузница на желудникот и болести како чир, ниту за луѓето со болни бубрези.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП