18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДесеткуван профитот на кинескиот гигант

Десеткуван профитот на кинескиот гигант

138384634256e67fda6f56d871839255_w640

Компанијата „PetroChina“, најголемиот кинески производител на нафта и гас, пријави 70-процентен пад на нето профитот во 2015 година, што е во согласност со претходните смерници.

Како и кај повеќето други нафтени компании, профитот на „PetroChina“ беше погоден од падот на цената на нафтата во изминатата година.

Нето добивката на кинеската државна компанија во изминатата година изнесувала 35,51 милијарди јунаи (5,46 милијарди долари), што е значително пониско во однос на профитот од 107,17 милијарди јуани од 2014 година, се наведува во соопштението на компанијата, која е еден од најголемите нафтени компании во светот.

Со седиште во Пекинг, оваа компанија е подружница на државната компанија „China National Petroleum Corporation-CNPC“.

Претходно оваа година „PetroChina“ предупреди дека ќе регистрира пад на годишниот нето пофит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП