4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПопуст и до 30% на месечните претплати на постпејд тарифните модели Mobile...

Попуст и до 30% на месечните претплати на постпејд тарифните модели Mobile GO под брендот ОНЕ

popust-mak-f47333b5

оне.Вип воведува нова поволна промоција со попуст на месечните претплати на постпејд тарифните модели во рамките на Mobile GO понудата.

Со најновата промоција, сите нови приватни и бизнис корисници како и корисниците на ОНЕ тарифните модели кои ќе го обноват својот договор, добиваат попуст на целото Mobile GO портфолио и тоа: 15% попуст на месечна претплата со договор на 24 месеци за тарифни модели со телефон и 30% попуст на месечната претплата за договор на 24 месеци за тарифни модели без телефон.

Имено, со вклучените попусти во месечната претплата тарифниот модел Mobile GO S корисниците можат да го добијат за месечна претплата од 349 денари со неограничени разговори кон корисниците на ONE тарифните модели, 200 минути бесплатни разговори кон сите национални мрежи и 300MB мобилен интернет секој месец.

Доколку корисниците се одлучат за тарифен модел со кој добиваат нов мобилен телефон имаат можност да изберат еден од тарифните модели Mobile GО S, M или L со кои добиваат  попуст од 15% на месечната претплата и телефон по супер ниска цена, вклучени разговори кон сите национални мрежи и вклучен интернет од 300 MB, 3 GB и 5 GB соодветно.

За потсетување, корисниците на Mobile GО тарифните модели имаат можност во секое време, преку SMS порака пратена на бројот (075) 142142, да го проверат статусот на преостанат бесплатен интернет и минути со текст на SMS порака:

STATUS INTERNET – за проверка на преостанати бесплатни MB интернет

STATUS POVICI – за проверка на преостанати бесплатни минути за разговори кон сите национални мрежи.

Повеќе информации за најновата промоција можете да добиете на www.one.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП