27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајпродаваните телефони во историјата

Најпродаваните телефони во историјата

telefonaaa

Мобилните телефони минатата недела го прославија 40-тиот роденден, а за многумина нивното пронаоѓање е еден од најважните изуми во последните 100 години. Погледнете кои модели беа напродавани од 1973-та година до денес. Има неколку кои не ги направи Нокиа!

Убедливо на прво место е моделот на Нокиа 1110. Овој телефон е продаден во неверојатни 250 милиони примероци од 2005-та година до денеска. На второто место е уште еден телефон на Нокиа, поточно моделот 3210. Третото место му припадна исто така на мобилен од гамата на Нокиа, а продажбата на 1200 изнесува 150 милиони примероци.

И на четвртото место повторно Нокиа, овојпат со 5230 кој беше претставен во 2010-та година и е еден од најмладите на листата, а додека легендарната 3310 од 2000-та година е на петото место. На шестото место се најде серијата 2600, а на седмото место е единствениот модел кој не го направи Нокиа, тоа е „Motorola Razr V3“. Меѓу најпродаваните десет се уште три модели на финскиот производител, 1600, 1208 и 6010.

20 најпродавани мобилни телефони на сите времиња.

1. Nokia 1110

2. Nokia 3210

3. Nokia 1200

4. Nokia 5230

5. Nokia 3310

6. Nokia 2600

7. Motorola Razr V3

8. Nokia 1600

9. Nokia 1208

10. Nokia 6010

11. Nokia 5130

12. iPhone 4S

13. Motorola C200

14. Motorola StarTAC

15. Nokia 3100

16. Nokia 6230

17. Samsung Galaxy SII

18. Samsung Galaxy SIII

19. iPhone 3GS

20. Nokia 2650

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП