
Според проценките на компанијата Гартнер оваа година ќе бидат испорачани 2.4 милијарди компјутери, таблети и мобилни телефони ширум светот. Ова е скок од 9 проценти во однос на 2012-та година при што оваа индустрија во наредниот период би требало дополнително да расте и се проценува дека во текот на 2017-та година да бидат испорачани 3 милијарди мобилни уреди.

