Социјалната мрежа за деловни корисници „LinkedIn“, има повеќе од 200 милиони корисници во повеќе од 200 земји во светот.
Најголем број од корисниците живеат во САД (74 милиони), Индија (18 милиони), Бразил и Велика Британија го делат третото место со по 11 милиони корисници, а веднаш зад нив е Канада со 7 милиони корисници.
Државите со најбрз раст на бројот на корисници се Турција, Колумбија и Индонезија, додека најголем раст на бројот на корисниците на мобилен е забележан кај Кина, Бразил, Португалија, Индија и Италија.
Најголем број од корисниците се занимаваат со ИТ технологии, зад нив се финансиските услуги, едукацијата, компјутерскиот софтвер и телекомуникациите.