5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank се враќа на пазарот на обврзници

Deutsche Bank се враќа на пазарот на обврзници

dojce banka 33095

Најголемата комерцијална банка во Германија, „Deutsche Bank“ се враќа на пазарот и издаде нови обврзници, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на свој анонимен извор. Станува збор за тригодишна вредност во евра. Се очекува рејтинг агенцијата „Moody’s“ да ги оцени обврзниците со рејтинг „Baa1“, што е само две нивоа повисоко од најниско.

Емисијата ќе ги тестира ставовите на инвеститорите кон долгот на „Deutsche Bank“, откако банката прибегне до серија мерки за да намалат стравувањата за капиталот на кредитната институција.

Претходно оваа година акциите и најризичните обврзници на „Deutsche Bank“ паднаа откако банката ја забележа првата годишна загуба од 2008-ма година.

Портпаролот на институцијата, базирана во Франкфурт, одбил коментар за „Bloomberg“.

Напорите на раководството на банката за враќање на довербата вклучува откуп на обврзници и тоа до одреден степен да ја врати цената на акциите и обврзниците. Трошоците за обезбедување на примарен долг против банкрот исто така се намалија со над 40% во однос на врвот, достигнат минатиот месец, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП