3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен златен фустан

Луксузен златен фустан

dress4

„Unilever“ е подготвен да го пласира на пазарите во САД најновиот „Gold Ice Cream“. Сладоледот е направен од ванила, исполнет со карамела од морска сол и прекриен со белгиско чоколадо со златна боја. „Unilever“ е познат по соработката со модниот свет, откако за прв пат го донесе брендот „Magnum“ на тлото на Америка во 2011 година.

dress3

Овој пат го ангажирале дизајнерот Зак Посен, спонзорирајќи го при изработката на гламурен, 24-каратен златен фустан, кој се состои од 10.000 рачно сечени златни ливчиња. На дизајнерскиот тим му беа потребни две недели рачно да го состави фустанот. Овој фустан е проценет на околу 1,5 милиони долари.

dress2

Своето деби пред јавноста овој фустан ќе го има на премиерата на краткометражниот филм на „Magnum“ „As Good as Gold“ за време на „Tribec Film Festival“ во средината на април 2013 година, каде што бразилската актерка и модел Каролин Кореа ќе прошета по златниот тепих.

dress5

Од „Unilever“ велат гламурот и софистицираноста кои го опкружуваат Посен ги привлекле, бидејќи тој е познат по своите елегантни вечерни тоалети, а самиот дизајнер изјавил дека и фустанот и сладоледот претставуваат сензуалност и луксуз, а самиот фустан имитира течен и сензуален начин на кој се топи сладоледот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП