13 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛет до работ на вселената за 19.000 евра (фото)

Лет до работ на вселената за 19.000 евра (фото)

let1

Ако имате потреба да ја почувствувате брзината, можете тоа да го почувствувате на повеќе начини, покрај купувањето на суперавтомобил или мотор…

Можете да ги пренесете нештата на сосема ново ниво со оваа неверојатна можност, која ви дава опција да уживате во ненормално возбудливата суперсонична брзина за само неколку секунди. Да ви појасниме – зборуваме за возење до работ на вселената. Ако имате 19.000 евра, потреба за адреналин и силен стомак, навистина би требало да го пробате ова.

Fly Fighter Jet компанијата сега нуди нова можност, односно луксузна прилика за возење со MiG-29 Fulcrum, како и можност да му мафтате на своето семејство и пријателите од 22 км височина.

Целокупното ваше искуство ќе зависи од временските услови и температурата на воздухот, па дури тогаш компанијата може за сигурно да ви гарантира лет до оваа височина. Ова возење трае од 45 до 50 минути, а на патниците им дава можност за уживање во налетот на адреналин.

Дел од пакетот е и уживањето во некои неверојатни маневри, како ротации, стрмни падови и искачувања, а не треба да го споменуваме и возбудувањето кое ќе го почувствувате кога ќе ја погледнете земјата од толкава одалеченост.

Ако посакувате и доказ дека сте биле на ова луксузно патување или имате некој пријател за кој мислите дека нема да ви верува, треба да знаете дека секој патник добива сертификат за летот. Се што ви е потребно за оваа луксузна авантура се 19.000 евра.

let6

let5

let4

let3

let2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП