18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузниот хотел во светот - „The 13“ (фото)

Најлуксузниот хотел во светот – „The 13“ (фото)

мак1

Екстравагантниот хотел, кој уште сега ја носи титулата најлуксузен хотел во светот, ќе биде отворен во Макау ова лето…

Цената која го обележа овој хотел како најскап е 1,4 милијарди долари, односно сеум милиони долари по соба. Сместен во јужна Кина, овој хотел едноставно е наречен „The 13“.

Овој хотел има 200 апартмани, кои имаат дури и по 3.000 квадратни метри простор, и кои се декорирани со беспрекорни парчиња мебел, склуптури, завеси и ситници.

Деталите кои ќе ве одушеват во дизајнот на овој хотел се барокно инспирираните фрески на таваните, плишот, завесите со златни детали, мермерните подови, витражните прозори, неокласичните столбови и спректакуларните лустери.

„Villa du Comte“ е најмалата соба за гости со 200 квадратни метри простор, а „Villa de Stephen“ е најголемата со 3,000 квадртни метри простор. Како што дознавме, ноќевање во овие соби ќе чини околу 100.000 долари.

Гостите ќе имаат пристап до 24-часовна услуга од батлер, односно професионални лица кои ќе се погрижат ништо да не им недостасува.

Гостите на хотелот ќе бидат превезувани со црвен Rolls Royce Phantom автомобил.

Покрај шесте кинески, француски и јапонски ресторани и барови, во склопот на овој хотел ќе биде отворен и L’Atelier, како прв приватен шопинг простор, во кој ќе се пристапува само со покана, а кој нуди беспрекорни производи со потписи од луксузни брендови.

мак2

мак3

мак4

мак5

мак6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП