6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите паднаа поради нафтата и Кина

На Волстрит индексите паднаа поради нафтата и Кина

volstrit4874

На Волстрит во вторникот цените на акциите паднаа по пет дена раст, бидејќи вложувачите беа разочарани од слабите економски показатели од Кина и падот на центата на нафтата.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,64 отсто, на 16.964 поени, додека S&P 500 индексот се лизна за 1,12 отсто, на 1.979 поени, а индексот Nasdaq за 1,26 отсто, на 4.648 индексни поени.

Најмногу во вторникот, за 4,1 отсто, потона S&P индексот на енергетскиот сектор, кој се најде под притисокот на првиот пад на цените на нафтата по шесте дена непрекинат раст.

На лондонскиот пазар цената на барелот на затворањето од трговскиот ден падна за 2,9 отсто, на 39,65 долари, откако во текот на денот 41,48 долари, највисокото ниво оваа година. На американскиот пазар, пак, барелот поевтини за 3,7 отсто, откако беше објавено дека резервите на нафта во САД минатата седмица достигнале нови рекордни нивоа, што укажува дека производството и натаму е поголемо од побарувачката.

Цените на нафтата на американскиот пазар пораснаа за околу 45 отсто откако во февруари потонаа на најниските нивоа во последните 12 година, и тоа беше еден од главниот подвижник на пазарите на акциите последните денови. Меѓутоа, новите знаци за силното производство, а послабата побарувачка, особено во Кина, не оставаат многу простор за натамошно напредување на цените на нафтата.

Аналитичарите на „Goldman Sachs“ порачаа дека последниот подем на цента на нафтата е избрзан и дека цените би требало уште извесно време да останат ниски, за пазарот да достигне рамнотежа подоцна годинава.

Уште повеќе влијае тоа што сé уште не се гледа пресврт во кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини. Напротив, извештајот за трговската размена покажа дека растот на кинеската економија и натаму забавува. Во вторникот беше објавено дека извозот од Кина во февруари паднал за 25 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека увозот е намален за речиси 14 отсто, и тоа 16-ти месец по ред.

Во последниот период слабостите на кинеската економија беа во втор план, бидејќи пазарите на акциите ја црпеа силата од растот на цената на нафатат и сировините, како и сигналите за забрзување на растот на американската економија.

По трите седмици постојан раст, во понеделникот индексот S&P 500, првпат од 5-ти јануари, повторно ѕирна над психолошки важната бариера од 2.000 индексни поени, надокнадувајќи ги речиси сите загуби од почетокот на годината. Меѓутоа, во вторникот, падна за повеќе од 1 отсто.

„Имајќи ги предвид слабостите на глобалната економија, тешко е да се очекува натамошно закрепнување на пазарите, па верувам дека S&P 500 извесно време ќе се движи во тесен распон недалеку од 2.000 поени“, вели Ури Ландесман, претседател на компанијата „Platinum Partners“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП