21 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила со поглед кој не се заборава (фото)

Луксузна вила со поглед кој не се заборава (фото)

VILOS1

Како дело на „Forte, Gimenes & Marcondes Ferrazas Arquietetos“ од 2008 година, оваа неверојатна вила е изградена на падините на бразилскиот планински ланец…

Станува збор за планинскиот ланец Serra da Matiqueira, кој на оваа вила и подари неповторливо опкружување. Таа делува како футуристичка куќичка на дрво, а сега е достапна и за купување по цена од 11,5 милиони долари, со отворени премини, беспрекорен поглед и опкружување кое вреди за секоја пара.

Архитектите кои работеа на овој прекрасен проект, одлучија да ја изградат главната вила на еден дел од имотот кој има 40,5 хектари, кои формираат мала долина, нудејќи приватност и заштита од сите непосакувани влијанија. Токму поради тоа, вилата се вклопува прекрасно во својата околина, како мешавина настаната од дрво, челик и бетон.

Таа има површина од 2,100 квадратни метри и содржи шест спални соби, мастер апартман, животен простор и голема кујна, со модерен дизајн кој на секоја просторија и овозможува промена на аранжманот. Исто така, тука се и столбовите кои и овозможија на оваа вила гордо да стои над долината, нудејќи поглед кој не се заборава.

Нормално, вниманието посветено на деталите и прекрасниот ентериер е нешто што сопствениците ќе го ценат. Широките стаклени зидови, независниот простор поврзан со надворешните премини и дизајнот на ентериерот секого ќе го натераат да го посака овој дом. На крајот, имаме само едно прашање – дали сте подготвени да се преселите во Бразил?

VILOS4

VILOS5

VILOS3

VILOS2

VILOS6

VILOS8

VILOS7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП