20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРакетата Falcon 9 уништена при слетувањето(видео)

Ракетата Falcon 9 уништена при слетувањето(видео)

spacex

Американската технолошка компанија „SpaceX“ успешно ја лансираше ракетата носач „Falcon 9“ која во петокот ноќта понесе во орбитата на височина од 40.000 километри сателит на луксембуршката компанија SES, но ракетата е уништена при неуспешниот обид да слета на платформата во Атлантскиот Океан.

Сопственикот на „SpaceX“, американскиот инженер Илон Макс претходно соопшти дека се мали шансите за успешно враќање и слетување на ракетата носач, што е и основата на овој проект.

Лансирањето беше изведено од базата на американските воздухопловни сили Кејп Канаверал, на Флорида, во петокот во 18,35 часот по локално време, односно 01 часот во сабота по македонско време. Претходно лансирањето беше четири пати одложувано поради неповолни временски услови и технички проблеми.

Инженерите на „SpaceX“ го замрзнуваат течниот кислород за да стане погуст со што во леталото може да се складира повеќе гориво и да му овозможи да се врати на Земјата.

Ова е трет неуспешен обид за слетување на ракетата „Falcon 9“ по несреќата која се случи на 28-ми јуни 2015 година. Тогаш ракетата носач со товарниот вселенски брод „Dragon“ експлодира околу две ипол минути по лансирањето. По инцидентот беа привремено запрени полетите на „Falcon 9“ и се испитуваа причините за хаваријата и се усовршуваше леталото.

Претходно „SpaceX“ двапати се обиде да ја спушти ракетата „Falcon 9“ на морска платформа, но и двата обида беа неуспешни. Првиот пат слетувањето беше премногу силно и предизвика експлозија на остатокот од горивото, додека вториот пат бура оневозможи платформата да биде поставена точно на местото на коешто требаше да слета ракетата, која поради тоа падна во морето.

Сепак, ланскиот декември беше делумно успешни приземјена ракетата „Falcon 9“ со големина на деветокатница и нејзиниот суборбитален дел со девет мотори се врати на пистата но осум километри подалеку од предвиденото место, при што претрпе помали оштетувања.

Поставениот во петокот во орбитата геостационарен комуникациски сателит „SES-9“, со маса од 5,3 тони, е изграден од компанијата „Boeing“ и е наменет за телекомуникациски услуги за земјите во Азија. Компанијата SES е глобален сателитски оператор, чие седиште се наоѓа во Бецдорф, во Луксембург. Компанијата поседува групација од 50 геостационарни сателити, кои може да опслужуваат 99 отсто од населението на Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП