18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапото шери во светот (фото)

Најскапото шери во светот (фото)

ver1

Шпанската винарија Barbadillo ја претстави својата света верзија на шери, која е воедно и најскапа во светот…

Versos 1891 е супер-ретка мешавина која содржи 125 години стара комбинација, а нејзината цена се движи и до 12.000 евра по шише. Ова шери има многу интензивен вкус и веќе долго време е многу ценето поради својата елеганција и другите неверојатни квалитети.

Само 100 шишиња од Versos 1891 се во понудата, во комбинација со реткото Amontillado шери, кое потекнува од личната колекција на семејството Барбадиљо.

Претставено е во кристално шише, кое рачно го изработија португалските стаклари од „Atlantis“. Кутијата во која е сместено ова елегантно издание е направена од шпанска кожа во пределот Убрика, во близина на Кадиз.

Ако сакате да го купите ова издание, тоа е достапно во Bodegas Barbadillo бутиците и кај уште неколку одбрани препродавачи во светот.

ver2

ver3

ver4

ver5

ver6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП