1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota C-HR - првиот хибрид во сегментот (фото+видео)

Toyota C-HR – првиот хибрид во сегментот (фото+видео)

A Toyota C-HR SUV car is pictured during its world premiere at the 86th International Motor Show in Geneva, Switzerland, March 1, 2016.  REUTERS/Denis Balibouse - RTS8RSF

Сегментот на компактни кросовери е високо конкурентен, а во него владеат „Nissan Juke“ и „Renault Captur“. Со цел да биде поразличен моделот на „Toyota“ се обложува на нешто уникатно, што никој друг сличен модел не нуди – хибриден мотор.

radikal 02

Агрегатот е превземен од новата генерација на „Prius“, а развива вкупна моќност од 122 КС. Детални информации недостасуваат, но на моделот „Prius“ системот комбинира 1,8-литарски бензински мотор со моќност од 97 КС и 142 Nm вртежен момент, и електромотор кој развива 73 КС. Просечната потрошувачка на гориво е под 4,5 l / 100 km, а нивото на емисија на „СО2“ е 90 g / km.

radikal 01

На некои пазари хибридот „Prius“ ќе биде достапен со технологијата „E-Four“, што претставува погон на сите четири тркала. Во моментов не е јасно дали оваа опција ќе биде достапна и за „C-HR“.

Сепак е официјално објавено дека 4х4 погон ќе има кај конвенционалните мотори на кросоверот. Меѓу нив е присутен 1,2-литарскиот турбо мотор, кој дебитираше кај „Auris“. Агрегатот развива 115 КС и може да биде во комбинација со мануелна или „CVT“ трансмисија. Се очекува, исто така дизел опција, а на некои пазари (најверојатно надвор од Европа) ќе биде достапен и 2.0-литарски атмосферски мотор.

radikal 03

Што се однесува до дизајнот, во оваа фаза внатрешноста останува мистерија. Тој, сепак, најверојатно е исполнет во склад со надворешноста, која демонстрира различни форми и младешки изглед. „Toyota C-HR“ ќе се нуди само во верзија со 5 врати.

radikal 04

Како што веќе соопштивме, возилото е базирано на платформата „TNGA“ која дебитираше со новата генерација на „Prius“. Производството ќе се одвива во Турција, додека моторите ќе се испорачуваат од фабриката на „Toyota“ во Велс. Продажбата во Европа стартуваат подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП