20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесими–Мантованели: Поддршката од Светската банка е од суштинско значење за Македонија

Бесими–Мантованели: Поддршката од Светската банка е од суштинско значење за Македонија

besimco 3335

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими оствари средба со новоименуваниот директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија, Марко Мантованели.

„Досегашната поддршка од страна на Светска Банка и нашето долгогодишно стратешко партнерство, е од суштинско значење за Македонија“, рече вицепремиерот Бесими, особено преку кредитните линии за изградба на патна инфраструктура со која се подобрува целокупната транспортна мрежа, а со тоа и конкурентност на нашата економија.

Бесими ја афирмираше и националната структура за координација на финансирањето на големите инфраструктурни проекти, како заедничка платформа на Владата, ЕУ, Светската банка и останатите финансиски институции.

На средбата стана збор и за актуелните проекти кои се финансираат преку ИПА фондовите, а се реализираат во партнерство со Светската банка, вклучително и во делот на руралната инфраструктура и санацијата на штетите од минатогодишните поплави.

Во текот на разговорот вицепремиерот Бесими даде и краток осврт на развојот на политичката состојба и моменталната економска состојба во Македонија, како и за итните реформски приоритети во процесот на пристапување кон Европската унија.

При тоа, тој ја потенцираше и заложбата на земјата за отворена соработка со ЕУ, при справувањето со мигрантската криза со што покажа дека е сериозен партнер на ЕУ, подготвен да учествува во каков било план или заедничка заложба на Унијата. Бесими и Мантованели изразија задоволство за можноста за понатамошна соработка меѓу Светската банка и Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП