21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка со добивка од 13,5 милиони евра за 2015 година

НЛБ Тутунска банка со добивка од 13,5 милиони евра за 2015 година

nlb

Во периодот од 1.1.2015 година до 31.12.2015 година НЛБ Тутунска банка работеше согласно усвоената Деловна политика за 2015 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката, во 2015 година, ги оствари сите планирани оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

Во 2015 година, билансната сума се зголемила за 4.392.403 илјади Мкд или за 6,8% и достигна 69.299.762 илјади Мкд.

Порастот беше генериран од растот на депозитите од небанкарскиот сектор коишто се зголемени за 4.711.756 илјади Мкд или за 9,1% и достигнаa 56.705.920 илјади Мкд.

Вкупните кредити кон небанкарскиот сектор се зголемени за 5.278.535 илјади Мкд или за 13,7% и изнесуваат 43.675.150 илјади Мкд.

Во 2015 година, нето каматните приходи беа повисоки за 21,7% во однос на претходната година.

Приходите од камати се зголемија за 1,9% како резултат на повисоки остварени приходи од камата во сегментот население, кои пак се резултат наповисока состојба на кредити, при намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисока состојба на благајнички записи.

Расходите од камати беа пониски за 28,4% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите во текот на годината и пониска состојба на обврски по кредити споредено со 2014 година.

Нето приходите од провизии се намалија за 0,5%.

Приходите од провизии се зголемија за 6,7% поради зголемен обем на работа со картички (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции на ПОС терминали), како и поради повисоки остварени приходи од услуги преку деловната мрежа.

Расходите за провизии беа повисоки за 28,8%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење (зголемување на бројот и вредноста на трансакциите, проширување на мрежата на ПОС терминали, како и пораст на провизијата за меѓубанкарско порамнување), повисоки расходи од платен промет со странство и од кеш центарот.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 263.516 илјади МКД и се пониски за 13,3% во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.613.489 илјади МКД и се повисоки за 12,0%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.724.351 илјади МКД и се повисоки за 6,8%.

Во 2015 година беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 984.447 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.

Нето добивката на Банката изнесува 831.951 илјади МКД(13,5 милиони евра) и е повисока за 23,7% во однос на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП